Нови 106 заразени и 603 оздравени од коронавирус, регистрира ИЈЗ

од Nikola Popovski

Според последниот извештај на Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 761 тестирања, а регистрирани се 106 нови случаи на коронавирус.

По градови, билансот е: Скопје-72, Куманово-4,  Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 603 оздравени пациенти и тоа од градовите: Скопје-230, Куманово-24, Дебар-5,  Штип-18, Прилеп-51,  Тетово-8,  Струга-30, Велес-20, Битола-26, Охрид-54, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-11, Струмица-8, Радовиш-8, Кочани-10, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-7, Берово-4, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-3 и Неготино-20.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84129, бројката на оздравени пациенти е 63532,а бројот на активни случаи изнесува 18047.

Слични содржини