Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.996 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на Ковид-19.
Бројот на новозаразени по градови изнесува: Скопје – 725, Куманово – 73, Битола – 67, Кавадарци – 57, Прилеп – 54, Тетово – 45, Велес – 43, Струмица – 32, Кичево – 30, Неготино – 27, Свети Николе – 26, Охрид – 23, Гостивар – 21, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Струга и Крива Паланка – по 11, Ресен – 10, Кочани – 7, Валандово и Крушево – по 5, Богданци – 4, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 3, Берово, Виница, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2.
Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 196 реинфекции.
Регистрирани сe 1.247 оздравени пациенти од: Скопје – 573, Кавадарци – 71, Куманово – 64, Велес – 60, Тетово и Струмица – по 57, Прилеп – 48, Охрид – 41, Гостивар – 40, Битола – 35, Неготино – 32, Кочани и Гевгелија – по 26, Штип – 18, Радовиш – 17, Струга – 12, Свети Николе – 11, Делчево – 9, Богданци и Пехчево – по 7, Ресен, Валандово и Крушево – по 5, Виница, Кратово и Демир Капија – по 4, Дебар – 3, Берово и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.838.584 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 284.875, бројот на оздравени пациенти е 264.443, на починати е 8.705, а бројот на активни случаи изнесува 11.727.