Министерството за здравство сооопшти дека во изминативе 24 часа се починати уште 16 лица од коронавирусот.
Од нив, 5 пациенти се од Прилеп (83г, 75г, 75г, 73г, 49г), 3 пациенти од Охрид (85г, 83г, 77г), 2 пациенти од Скопје (78г, 62г) и по еден пациент од Куманово (76г), Крива Паланка (76г), Струга (68г), Гевгелија (75г), Кочани (83г) и Неготино (67г).
Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Од почетокот на кризата, во земјава починаа вкупно 3.063 лица.
Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.