Нови 17 случаи, скопјанец почина како последици од Ковид 19

од Берта Китинска
346 прегледи

Во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на КОВИД-19:
Тетово – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Куманово и Тетово – по 3 и Скопје – 1.

Регистрирано е едно починато лице од Скопје (70 години), во болнички услови.

Направени се 2.896 тестови преку: ИЈЗ-117, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-31, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово–23, ЦЈЗ Куманово–12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–19, Жан Митрев (Филип Втори)-73, Авицена-161, Биотек-171, Систина-76, лабораторија Лаор-267, Синлаб-33, Ремедика-7, Плодност–24, Генеа–3, Никоб лаб-423, ВФВ Медикал-0, Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.376.

Досега во земјата се направени вкупно 941.178 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 241.

Слични содржини