Нови 178 ковид-случаи во Србија, 56 лица се приклучени на респиратори

од Nikola Popovski
153 прегледи

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 178 нови случаи на коронавирус и 10 смртни случаи.

Вкупно 712.224 лица се разболеле од овој вирус кај нашиот северен сосед, а регистрирани се вкупно 6.854 смртни случаи.

Во моментов има 702 пациенти во болница, од кои 56 се приклучени на апарати за дишење.

Во последните 24 часа биле тестирани 6.679 лица, а од март минатата година вкупно 4.144.092.

Слични содржини