Нови 227 ковид-случаи, повеќе од половина се од Скопје

од Nikola Popovski

Од 2.595 тестирањe, регистрирани се 227 нови случаи на корона, информираат од Министерството за здравство. Според билансот, забележани се во Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип – по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1.

Регистрирани сe 111 оздравени пациент од: Куманово – 27, Гостивар – 15, Охрид – 12, Штип – 10, Прилеп – 7, Битола – 6, Скопје – 5, Кочани, Крива Паланка и Пробиштип – по 4, Кичево и Кратово – по 3, Велес, Радовиш и Берово – по 2, Тетово, Делчево, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.364.488 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини