Нови 2341 случај на корона, еден граѓанин се заразил по трет пат

од Nikola Popovski
178 прегледи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на КОВИД-19.

Ковид-статистиката по градови изнесува: Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28, Кочани – 27, Струмица и Струга  – по 25, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија  – по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3, Дебар и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција.

Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти од: Скопје – 768, Битола – 115, Прилеп – 98, Куманово – 82, Струмица – 55, Велес – 40, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Гостивар – 27, Штип и Крива Паланка – по 26, Кичево – 22, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Неготино – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Радовиш – 13, Делчево и Крушево – по 10, Пробиштип -6, Виница и Демир Хисар – по 5, Валандово и Богданци – по 4, Кратово и Македонски Брод – по 2, Охрид и Демир Капија – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на КОВИД-19.

Слични содржини