Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи со Ковид-19 и 119 оздравени пациенти. Од вкупниот број позитивни (266), регистрирани се 64 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ не е регистрирано починато лице, соопшти Министерството за здравство.
Од 266 новозаболени од Скопје се 168, Куманово – 17, Битола – 14, Тетово – 12, Прилеп и Штип – по 9, Гостивар – 7, Кочани и Пробиштип – по 5, Кавадарци и Кичево – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Струга и Радовиш – по 2, Неготино и Ресен – по 1.
Од 119 оздравени пациенти од Скопје се 73, Битола – 7, Прилеп и Кочани – по 6, Струмица и Велес – по 5, Куманово и Кавадарци – по 4, Тетово – 3, Гостивар и Виница – по 2, Пробиштип и Делчево – по 1.
Направени се 953 тестови преку: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-41, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-32, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-40, Биотек-57, Систина-34, лабораторија Лаор-11, Синлаб-2, Ремедика-13, Плодност-5, Генеа-7, Никоб Лаб-54, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-2, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 349.
Досега во државава се направени вкупно 2.086.592 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 315.060, бројот на оздравени пациенти е 304.460, на починати е 9.327, а на активни случаи изнесува 1.273.