Нови 31 милион долари од САД за опремување и модернизација на АРМ

од Nikola Popovski
131 прегледи

Со нови 31 милион долари финансиска поддршка, Соединетите Американски Држави (САД) продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно највисоките стандарди на Алијансата, информира денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Овој финансиски пакет следи по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО.

Од почетокот на одбранбената соработка во 1996 година, до 2022 година САД го поддржаа развојот на одбраната и Армијата со 160 милиони долари, а само последната година Северна Македонија доби дополнителни 137 милиони долари американска поддршка.

Слични содржини