Нови 35 лица ја загубија битката со короната, вкупно 4.478 од почетокот на кризата

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека нови 35 лица починаа како последица на коронавирусот во изминативе 24 часа.

Од нив, 14 се од Скопје (46г, 46г , 54г, 56г, 69г, 70г ,77г, 79г, 79г,81г,87г, 87г, 87г, 89г), по 3 починати лица од Битола (72г,74г и 84г) и Куманово (62г,64г и 68г), по 2 лица од Прилеп (61г и 62г), Струмица (70г и 76г), Штип (58г, 72г) и Виница (68г и 70г), по едно лице од Велес (67г), Охрид(83г), Струга (75г), Гостивар (71г), Кочани (77г), Кичево (70г) и Неготино (69г).

Од починатите пациенти, 3 лица се починати во домашни услови, а останатите 32 лица во болнички услови.

Од почетокот на корона-кризата досега во земјава животот го загубија 4.478 лица.

Слични содржини