Нови 409 забелни со ковид

од Берта Китинска
263 прегледи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.751 тестирања, а регистрирани се 409 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8, Куманово и Богданци – по 7, Кочани, Струга и Ресен – по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Гостивар, Делчево и Валандово – по 2, Неготино, Радовиш и Виница – по 1.

Регистрирани сe 289 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Прилеп – 21, Охрид – 17, Кавадарци – 10, Куманово, Битола и Велес – по 9, Ресен – 8, Кичево – 7, Тетово и Гевгелија – по 6, Струмица – 4, Свети Николе, Радовиш и Богданци – по 3, Штип, Делчево Валандово и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Кочани, Крива Паланка, Дебар и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62г, 65г, 73г, 74г, 88г и 90г) и по едно починато лице од Битола (52г), Кавадарци (39г) и Прилеп (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт 20.12.2021 година. Регистрираното починато лице е од Охрид (1), на возраст од 80 години. Починато во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=10), 3 лица се целосно вакцинирани.

Направени се 4.751 тестови преку: ИЈЗ-305, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-66, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–6, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Авицена-199, Биотек-233, Систина-111, лабораторија Лаор-246, Синлаб-30, Ремедика-22, Плодност–54, Генеа-16, Никоб лаб-507, ВФВ Медикал-84, Ели Медика-104, Ројал Медика–57, Спектра-ММ-23, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–19, Нова Лаб Дијагностика–14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.263.

Досега во земјата се направени вкупно 1.581.175 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801.

Слични содржини