Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.131 тестови, а регистрирани се нови 473 случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 114 реинфекции. Регистрирани сe 513 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица од Скопје (76г), Охрид (70г) и Прилеп (93г). Две лица се починати во болнички услови и едно во домашни услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.141.456 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.513, бројот на оздравени пациенти е 324.633, на починати е 9.440, а бројот на активни случаи изнесува 3.440.