Нови 497 полицајци положија заклетва во „Идризово“

од Nikola Popovski
42 прегледи

Научивме дека полицијата е повеќе од сила, таа е присуство кое носи мир во хаосот и сигурност во неизвесноста. Нашата мисија е да градиме мостови онаму каде што има ѕидови, рече најдобриот кандидат во генерацијата на денешната свечена промоција на новите полициски службеници – генерација 2024-2025.

Промоцијата е награда и показател за вашата работа, труд и вложување, работете со чисто срце и ладни глави, им порачаа на 13-те тимови нови полициски службеници помошник министерот на центарот за обука.

Да создаваме и унапредуваме модерна, стручна и професионална полиција, која задачите ќе ги извршува законито, одговорно и транспарентно во име на својот народ, кажа министерот Панче Тошковски.

Тошковски најави дека се работи на унапредување на условите за работа, ќе се градат нови полициски станици, нови униформи и опрема, обновување на возниот парк и зголемување на примањата на вработени во МВР.

-Годинава Министерството за внатрешни работи станува побогато со нови 497 нови полициски службеници. Идни чувари на безбедноста на граѓаните, синови и ќерки на Македонија, истакна тој,

Овие питомци една година ги усовршуваа вештините и знаењата во центарот за обука во Идризово.

Основната обука за полицаец започна во 2024 година, со вкупно 558 кандидати, а денес, обуката успешно ја завршуваат 497 кандидати, 376 од машки пол и 121 од женски со среден успех на генерацијата од 522 бодови од можни 600.

Слични содржини