Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.594 тестирања, а регистрирани се 568 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 230, Куманово – 44, Битола – 39, Прилеп – 29, Кавадарци – 27, Штип – 26, Велес – 19, Кочани – 18, Тетово – 16, Делчево – 13, Кичево – 12, Гевгелија – 11, Охрид и Струмица – по 10, Неготино и Крива Паланка – по 9, Свети Николе– 7, Берово – 6, Богданци – 5, Гостивар, Ресен и Кратово – по 4, Радовиш, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Крушево и Демир Хисар – по 2, Валандово, Македонски Брод, и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 293 оздравени пациент од: Скопје – 173, Куманово – 28, Струмица – 11, Велес – 10, Прилеп – 9, Битола и Гевгелија – по 8, Кавадарци и Штип – по 7, Крива Паланка – 6, Богданци и Пробиштип – по 5, Свети Николе и Кратово – по 4, Кочани – 3, Охрид, Неготино, Радовиш, Валандово и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.393.963 тестирања на Ковид-19.