Нови 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата

од Берта Китинска

Нови 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата – продолжуваме со сеопфатно подобрување на материјално-техничките услови за работа на полициските службеници во контекст на мотото што ова раководство на МВР си го постави – опремена полиција за безбедни граѓани, информираше преку својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Виндјакните очекуваме да бидат распределени започнувајќи од денес 11.03.2022, а само од јули 2021 година до крајот на 2021 обезбедивме:

10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата
2330 парчиња флуоросцентни елеци
660 комплет униформи за приправници
30 комплети работни одела за кујни
34 парчиња летечки јакни, 19 парчиња летечки комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони како дел од униформа за воздухопловен персонал
По 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли
8.000 парчиња ПОЛО маици
10.000 пара полувисоки чевли
10.000 пара чевли со дебел ѓон
8.000 пара чевли со тенок ѓон

Трендот на квалитативно подобрување на условите за работа останува приоритет на ова раководство на МВР, бидејќи секое вложување во полицијата значи задоволни полициски службеници, што за возврат значи унапредување на севкупната безбедност на граѓаните, пишува Спасовски.

Слични содржини