544
Во белградската населба Звездара, во стан на улица Мадридска, пронајдено е телото на девојката А.С. (22), за која се сомнева дека била силувана и убиена. Полицијата е на терен и ја обезбедува зградата во која се случило вознемирувачкото злосторство, пренесе „Блиц.рс“.
Телото во станот го пронашла сестрата на жртвата. Ја видела како лежи на креветот, во ноќница, а сцената била морничава.
Откако била алармирана полицијата и итната помош, се појавил сомнеж дека жртвата била силувана, а потоа убиена.
Сестрата на жртвата ја напуштила зградата во придружба на инспектор.