Нови дојави за бомби во училишта низ Скопје

од Nikola Popovski
172 прегледи

Продолжуваат дојавите за бомби низ училиштата во Скопје. Денеска биле испратени заканувачки пораки на адресите на неколку основни училишта во главниот град на државата.

Според информациите, станува збор за училиштата „Лазо Ангеловски“ и „Љубен Лапе“ во Аеродром, „Димитар Македонски“ во Лисиче, „Димитар Миладинов“, „Коле Неделковски“ и „Песталоци“ во Центар.

Се чека официјална потврда од МВР.

Од 26-ти октомври минатата година, анонимните пораки за поставени бомби најпрвин почнаа да стигнуваат до основните и средните училишта речиси секој ден во работните денови, а потоа мета станаа и трговските и деловните центри, државните институции, спортските објекти и гимназиите.

Сите досегашни пораки на електронските адреси беа утврдени како лажни.

Слични содржини