125
Американското Министерство за правда откри неколку доверливи документи при претрес на куќата на американскиот претседател Џозеф Бајден во градот Вилмингтон, во државата Делавер, објави адвокатот на претседателот – Боб Бауер.
Во петокот, претседателот Бајден дозволи пристап до неговиот дом со цел „да ги пребара сите простории во потрага по потенцијални досиеја за потпретседател и потенцијален доверлив материјал“, се вели во изјавата на адвокатот на Бајден.