Нови градоначалници за Штип и Пласница ќе се избираат во декември

од Берта Китинска
176 прегледи

Pретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска го потпиша Решението за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип.

Како што информира собраниската прес-служба, недела, 13 декември 2020 година е денот утврден за одржување на изборите.

Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија и избирачките одбори, а влегува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија.

Слични содржини