Нови информации за фудбалерот на Фиорентина кој колабрираше

од Nikola Popovski
291 прегледи

Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер во Серија А беше прекинат во 17. минута откако на теренот колабираше фудбалерот на домашните, Едоардо Бове.

Бове колабираше во 17. минута, а играчите веднаш формираа ѕид околу него, со цел да може да му помогне лекарскиот тим.

Дел од фудбалерите беа во солзи, а натпреварот е прекинат и се поизвесно дека нема да се доигра вечерва.

Бове остана да лежи неподвижен и веднаш почна паника на стадионот. Сепак, според последните информации играчот на Фиорентина може да дише самостојно, што се одлични вести.

Наскоро се очекуваат официјални информации од клубот од Фиренца.