НОВИ ковид-мерки: Италија ќе го казнува секој невакциниран работник со 1.500 евра

од Берта Китинска

Италијанската влада усвои денес една од најстрогите ковид-мерки во светот, обврзувајќи ги сите работници од јавниот и приватниот сектор да имаат потврда за вакцинираност, негативен тест за коронавирусот или потврда дека неодамна оздравеле од инфекцијата.

Работникот кој нема да може да презентира важечки здравствен сертификат ќе биде суспендиран без да зема плата, но не смее да биде отпуштен. Оние што ќе ја игнорираат уредбата и ќе доаѓаат на работа без ковид-потврда, ќе бидат казнети со казна од 600 до 1.500 евра, пишува Ројтерс, кој имаше увид во нацрт-мерките.

Иако некои земји од ЕУ наредија здравствените работници да се вакцинираат, ниту една пред Италија не утврди дека сертификатот за ковид е задолжителен за сите работници.

Идејата за ковид-сертификат првично беше поврзана со патувањата, но Италија многу брзо почна да ја применува на места како музеи, спортски сали и ентериери на ресторани.

Партиите и работодавците ги поддржуваат мерките

Иако во последните недели имаше протести против ковид-мерките, повеќето политички партии, како и главните здруженија на работодавци ги поддржаа новите правила со надеж дека нема да има дополнително затворање на економијата.

Слични содржини