Нови мерки и правила: Стоматолозите ќе земаат брис за коронавирусот

од Берта Китинска
459 прегледи

Во наредниот период ќе почнат да работат и стоматолошките ординации, но под посебен режим согласно протоколите за работа во услови на Ковид – 19 предложени од СЗО и останатите релевантни дентални асоцијации, како и препораките на Министерството за здравство и Стоматолошката комора на Македонија.

Тие ќе прават и скрининг на пациентите, односно  ќе земаат брис за утврдување на присуство на коронавирусот кај пациентите.

Предлогот за почнување со работа од понеделник на стоматолошките ординации стасал од Стоматолошката Комора, чии претставници  учествувале во работата на Комисијата за заразни болести.

– Стоматолозите ќе бидат вклучени и во скринингот, добра волја покажаа за тоа и ќе земаат брисеви од пациентите кои ќе бидат вклучени во овој процес, со цел пронаоѓање на асимптоматските случаи – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Мерки и препораки за работа на стоматолошките ординации:

– На влезот во чекалната на ординацијата мора да се постави дезинфекциска бариера за дезинфекција на обувките како и дезинфициенс за рацете

– Пациентите во чекална треба да одржуваат дистанца од 1,5 метар, и да носат заштитна маска на лицето која е задолжителна во секоја прилика

– Присуство на две лица во чекална не е дозволено освен ако не се работи за старо изнемоштено лице и дете до 12 години кое е со придружба.

– На влезот во ординацијата на пациентите ќе им биде измерена телесна температура со инфрацрвен топломер и ако има индиции може лекувањето да се одложи

– Пациентот мора да ги измие рацете со сапун во траење од 20 секунди и да стави дезинфициенс пред да седне на столицата

–  Ординацијата после секој пациент ќе се дизинфицира детално и тоа: кваките на вратите, рачките на столицата, рефлекторот и сите површини со кои пациентот бил во контакт во време траење од најмалку 15 минути.

Поради зголемената опасност од ширење на коронавирусот, во изминативе недели работеше само итната стоматолошка служба, а ординациите не примаа пациенти.

 

 

Слични содржини