Нови ограничувања во Москва поради ширењето на сојот делта

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин најави воведување на нови ограничувања поради „тешката состојба“ во градот, предизвикана од ширењето на делта-сојот на коронавирус. Од денес, сите настани на кои се собираат повеќе од 500 луѓе се забранети.

Рестораните и баровите во Москва ќе можат да ги посетуваат само вакцинирани лица, оние кои прелажале Ковид-19 во последните шест месеци или имаат направено негативен тест во последните 72 часа. Денес се регистрирани 6.555 нови случаи на коронавирус во Москва, а 16.715 во цела Русија, двојно повеќе од пред еден месец.

„Одлуките што ги донесуваме се тешки, непопуларни, но неопходни за да се спасат животите на луѓето“, рече Собјанин.

Во болниците во Москва има повеќе од 14.000 сериозно болни со Ковид-19.

Градоначалникот проценил дека ваквата состојба е предизвикана од делта-сојот на коронавирусот, кој првпат се појавил во Индија.

Поради наглото зголемување на бројот на заразени пред две недели, градските власти наредија задолжителна вакцинација на малопродавачи, едукатори и други кои работат во услужниот сектор.

Имунизацијата во Москва е бавна, а помалку од 13 проценти од граѓаните ја примиле првата доза на вакцината.

Слични содржини