Нови пратеници седнуваат во собраниските клупи

од Nikola Popovski
529 прегледи

Собранието денеска на осмата седница е предвидено да ги верификува мандатите на новите пратеници кои ќе го заменат премиерот Христијан Мицкоски и дел од новоизбраните министри.

Нови пратеници ќе бидат Драган Недељковиќ, Велика Стојкова-Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Фериде Хаџиу и Калтрина Беќири се нови народни избранички од коалицијата ВЛЕН.

Новите пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, доаѓаат на местото на Мицкоски и министрите Гордана Димитриеска-Кочоска, Љупчо Димоски, Владо Мисајловски, Иван Стоилковиќ, Александар Николоски, додека во редовите на ВЛЕН, на местото на Изет Меџити и Фатмир Лимани.

Слични содржини