Нови правила за влез: Германија ја врати Македонија на листата земји со висок ковид-ризик

од Nikola Popovski
210 прегледи

Германија ја врати С. Македонија на листата на земји со висок ковид-ризик, па од недела ќе биде потешко да се влезе во таа земја, односно невакцинираните и лицата кои не се заразени ќе мора да бидат ставени во карантин.

Покрај Македонија, на листата на земји со поголем ризик од зараза се вратени и Србија, Бих, но и земјите од ЕУ како Франција, Австрија, Летонија, Бугарија и други земји од повеќе делови на светот.

Што се однесува до нашиот регион, Хрватска од 24 октомври минатата година е на листата на земји со висок ризик, Црна Гора од 15 август, а Словенија од 26 септември.

Враќањето на листата на земји со висок ковид-ризик особено ги погодува патниците кои не биле вакцинирани.

Од недела, сите патници кои сакаат да влезат во Германија ќе треба да се пријават по електронски пат, а мора да имаат потврда за вакцинација или прележан Ковид-19 или негативен тест за коронавирус. Вакцинираните и прележаните лица не мора да одат во задолжителниот 10-дневен карантин.

Лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани може да бидат ослободени од изолација најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид-19.

Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, а карантинот автоматски им се прекинува по пет дена.

Германија ги заостри мерките за влез поради ширењето на сојот омикрон.