Нови сајбер напади во САД: „Погодени повеќе од 1.000 компании“

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Сајбер криминалци ја нападнаа американската фирма „Kaseya“ во саботата за да побараат пари од потенцијално можеби илјада компании опфатени со нивниот софтвер, што за прва директна последица имаше прекинување на работа на околу 800 продавници „Coop“ во Шведска.

Нападот ги парализираше касите на „Coop“ во Шведска, еден од најголемите ланци на супермаркети во земјата, кој мораше да се затвори во саботата.

Наречен „рансомвер“ или софтвер за уцена, овој вид на ИТ програма ги користи безбедносните ранливости на компанија или личност за да ги парализира нивните ИТ системи и потоа бара откуп за да ги деблокира.

„Kaseya“, кој го нарече сајбер нападот „софистициран“ во саботата, гарантира дека е ограничен на „многу мал број клиенти“.

Во петокот вечерта, компанијата објасни дека открила можен инцидент на својот софтвер VSА, пред продолжениот викенд, а потоа проценила дека „помалку од 40 клиенти ширум светот биле погодени“, но сепак тие даваат услуги на други компании.

Според „Huntress Labs“, компанија специјализирана за безбедност на информации, „повеќе од 1.000 компании се погодени од нападот“.

„Kaseya“, со седиште во Мајами, нуди ИТ алатки на мали и средни претпријатија. Има повеќе од 40.000 клиенти.