Снимки од сателити од неодамнешните движења на луксузни бродови во близина на Вонсан, честопати користени од севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, сугерираат дека тој е во тој крајбрежно одморалиште, според експертите за режимот во Пјонгјанг.
Шпекулациите за здравјето на Ким и неговата локација започнаа откако тој првпат не успеа да присуствува на прославите на 15 април на одбележувањето на роденденот на неговиот покоен дедо, основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг.
На веб-страницата „НК ПРО“ што ја следи земјата, во вторникот беа објавени фотографии од комерцијални сателити на кои се гледаат бродови што Ким често ги користи. Движењето на овие бродови сугерира дека Ким може да биде во Вонсан.
И минатонеделниот извештај од „38 North“ за набудување на Северна Америка, заснован на сателитски слики, се заклучува дека Ким можеби е во одморалиштето бидејќи неговиот личен воз бил паркиран на железничката станица.
Американски и јужнокорејски претставници сметаат дека е можно Ким да биде во Вонсан, потенцијално за да избегне инфекција со коронавирус и се скептични во врска со извештаите во медиумите дека тој е сериозно болен.
Но, тие исто така предупредуваат дека здравјето и локацијата на Ким се добро чувани тајни и дека веродостојни информации тешко можат да се добијат во оваа комунистичка држава.
Севернокорејските медиуми последен пат известуваа за Ким на 11 април кога тој претседаваше на средба, но неговите писма и дипломатски пораки беа пренесувани скоро секој ден.