Нови секундарни шокови на Закинтос

од desk4
77 прегледи

Најмалку два секундарни земјотреси го потресоа островот Закинтос во Јонското Море  во полседните  24 часа.

Најсилниот земјотрес беше со јачина од 4,7 степени според Рихтер. Последниот земјотрес се почувствува во 08:30 по локално време. Земјотресите се со епицентар во морето на околу 30 километри југозападно од Литакија и островот Закинтос и на 282 километри западно од Атина, на длабочина од 2 км.

Луѓето во регионот на земјотресот соопштија дека земјотресот траел околу 10 секунди. Геофизичкиот институт во Атина објави дека секундарните шокови не претставуваат закана за населението, но можат да продолжат барем уште еден месец.