Нови шпекулации од Сеул: Сестрата на Ким Јонг Ун ја презела најважната функција во земјата?

од Nikola Popovski
261 прегледи

Во владеачките кругови во Северна Кореја расте влијанието на Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кој, според официјалните лица на Јужна Кореја, сега практично управува со работата на едно од најважните политички тела во Северна Кореја.

Според Си-Ен-Ен, станува збор за Одделението за организација и насоки во рамките на владејачката Работничка партија на Северна Кореја и тоа тело е надлежно за идеолошка индоктринација, организирање и именување на политички позиции во партијата, како и следење на лојалноста на нејзините членови кон Ким Јонг-Ун.

Ако обвинувањата на јужнокорејските претставници се вистинити, позицијата на Ким Јо Џонг, која претходно се сметаше за втората најмоќна личност во Северна Кореја, сега е дополнително засилена.

Иако промените во државното и партиското раководство на Северна Кореја не се објавуваат јавно, се претпоставува дека сестрата на Ким била назначена за шеф на одделот на почетокот на годината, што е потенцијално индицирано од зголемениот обем на нејзините должности, наведува Си-Ен-Ен.

Министерот за одбрана на Јужна Кореја, Џеонг Кејонг Ду изјави дека сега таа има значајна улога во обликувањето политика кон Јужна Кореја и САД, но дека, покрај тоа, не постојат индиции дека слабее контролата на Ким Јонг Ун врз власта во неговата земја.

Според претставникот на Јужна Кореја, информиран за настаните во Северна Кореја, Ким сепак има „апсолутна моќ“, пренесува Си-Ен-Ен.

Слични содржини