Нови случаи на корона во Пекинг, откажани сите јавни собири

од Stefanija Kuzmanovska

По откривањето на неколку нови случаи на коронавирус минатата недела во Пекинг, градските власти апелираа до граѓаните да не го напуштаат градот за време на претстојните новогодишни празници.

Два случаи беа потврдени вчера, плус уште два асимптоматски на почетокот на оваа недела, па градските власти организираа тестирање во населбите каде што беа откриени новозаразените, објави АП.

Од страв од нов бран на епидемијата, властите во Пекинг ги откажаа сите јавни собири, како што се спортски настани и саеми, додека кината, театрите, библиотеките и музеите ќе работат со капацитет од 75 проценти.

Официјални лица во пристанишниот град Далиан во североисточна Кина спроведоа тестирање на околу 4,74 милиони луѓе по откривањето на 24 заразени со коронавирус овој месец.

Слични содржини