Нови студии: Ковид 19 се појавил пред официјалната потврда

од Берта Китинска
128 прегледи

Вирусот ковид-19 можно е да се проширил во Кина во октомври 2019 година, два месеци пред да се идентификува првиот случај во Вухан, тврдат британските научници.

Истражувачите од Универзитетот во Кент, во студија објавена во научното списание ПЛОС Патогени, наведуваат дека вирусот можел да циркулира од почетокот на октомври до средината на ноември 2019 година и дека првото заболување од ковид-19 веројатно се случило на 17 ноември, иако официјално случаи потврдени на почетокот на декември 2019 година во Вухан, Кина, пренесува Ројтерс.

Тој модел сугерира дека вирусот се шири низ целиот свет уште во јануари, а пресметките покажуваат дека првата инфекција надвор од Кина можела да биде на 3 јануари во Јапонија.

Истото мислење го делат и научниците од Светската здравствена организација (СЗО), кои го испитале потеклото на вирусот во Кина на почетокот на годината и кои изјавиле дека е можно да имало спорадични инфекции на луѓе пред појавата на Вухан.