Нови три позитивни случаи на коронавирус во Кавадарци

од Берта Китинска
139 прегледи

Три нови позитивни случаи на коронавирус се регистрирани во Кавадарци. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Во првиот случај станува збор за 50 годишна медицинска сестра од стоматолошка ординација, а во вториот, за 64 годишен маж кој десетина дена не одел на работа.

Двајцата биле со лесна клиничка слика и на домашно лекување во своите домови. Третиот пациент позитивен на ковид-19 бил на возраст од 63 години и бил хоспитализиран на неврохируршко одделение во Скопје, каде бил опериран.

Слични содржини