Нови здравствени проблеми за Камчев, повторно бил пренесен на Кардиологија

од Nikola Popovski
301 прегледи

Бизнисменот Јордан Камчев, кој е во притвор во затворот во Шутка, поради влошена здравствена состојба, со возило на брзата помош утрово повторно е пренесен на Клиниката за кардиологија. По интервенција на лекарскиот тим од клиниката и откако му се стабилизирала состојбата, Камчев е вратен во КПУ затвор Скопје.

-Во текот на вчерашната вечер Камчев во затворот имал гушење, голема главоболка и се чувствувал многу лошо, но во КПУ затворот во Скопје во моментот немало дежурен лекар за да го прегледа и интервенира па поради сериозноста на состојбата викната е брза помош, соопштиле членови на неговиот адвокатски тим, кои денеска му биле во посета.

Тој е веќе четврт месец во притвор во Шутка, а за првпат се пожали на здравствени проблеми на крајот на минатиот месец, кога исто така му беше укажана лекарска нега во оваа клиника.

-Со фамилијарен историјат на кардиоваскуларни болести, Камчев од својата 15-та година прима соодветна терапија за оваа здравствена состојба. Сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до Судот, пишуваат адвокатите.

Слични содржини