Новинар на “BBC” на фотографиите од сирискиот град Дума воочил дека милитантите ги преместуваат мртвите тела на загинатите деца за да предизвикаат емотивна реакција кај Западот.

Уредникот на надворешно-политичките вести на британски “BBC”, Риам Далати, објави на својот профил на Твитер интересна опсервација во врска со хемискиот напад на сирискиот град Дума, недалеку од Дамаск.
Имено, тој воочил дека сириските бунтовници ги разместуваат мртвите тела на децата за да направат што е можно пострашна сцена.

На една од фотографиите кои што ги објави може да се видат две мртви деца, момче и девојче. Мртвото девојче ја има раката преку момчето, па одредени медиуми на Западот ја објавуваа фотографијата со потресни насови како „последната прегратка“.
Секако, станува збор за прилично драматична сцена, но новинарот исто така воочил дека истите починати деца можат да се видат и на фотографии од други локации што доведува до заклучок дека некој ги преместувал и потоа ги фотографирал морничавите сцени со починати деца – настрадани во хемискиот напад.
„Ми се гади повеќе од активистите и бунтовниците кои што ги користат мртвите тела на децата за да предизвикаат емотивни сцени за Западната публика. И потоа се чудат кога некои сериозни новинари ќе го доведат во прашање нивниот наратив“, напиша Далати на својот профил на Твитер.
Тој набрзо потоа го избришал Твитот, но повторно го објавил со поинаков текст, иако повторно ги објавил спорните фотографии. Сепак, постои можност да направил грешка, па има нагласено дека истите деца се забележани и на местото на нападот, но и на местото каде што биле преместувани и идентификувани загинатите, па така дошло до преместување.