Поминаа 26 години откако покојната принцеза Дајана даде интервју за Би-Би-Си, во кое раскажа детали за тоа како принцот Чарлс ја изневерувал со Камила Паркер Боулс од првиот ден на бракот.
Овој разговор по толку години повторно стана актуелен, бидејќи се дозна дека новинарот Мартин Башир наводно фалсификувал документи, со кои ја уверил принцезата Дајана да го пушти во палатата Кенсингтон и да ја „отвори душата“ пред камерите.
Се појави и братот на Дијана, грофот Спенсер, кој ги покажа белешките што ги напишал за време на состанокот со Башир и Дијана, пред тоа интервју.
Спенсер тврди дека Башир дошол до низа лажни информации за кралското семејство. Меѓу другото, дека кралицата Елизабета Втора има проблеми со срцето и дека нејзиниот син Едвард се лекува од СИДА. Исто така, Башир имал луда информација за тоа како Чарлс ја изневерувал Дајана со својата дадилка и дека на 13-годишниот Вилијам му дал рачен часовник во кој била поставена скриена камера.
Деновиве во медиумите протекоа документи во кои Башир се брани дека Дијана ги раширила сите тие информации. Наводно, ова се документи од внатрешната истрага спроведена од Би-Би-Си над Башир деновиве, кого го обвинуваат за употреба на недозволени методи и измама на членови на кралското семејство со цел да ја убедат принцезата на интервју.
Сепак, Башир е обвинет и од поранешниот графичар на Би-Би-Си, Мет Вајслер. Тој беше отпуштен кога се дозна дека тој е автор на документите што Башир ги искористил за да ја уценува Дијана за да му даде интервју. Деновиве, Вајслер објасни на една телевизија што се случило.
„Еден ден Башир ме замоли за услуга. Тој ми рече дека се подготвува за интервју со Дијана и дека сака да презентира банкарски извештаи што не може да ги добие, па би сакал, според неговиот опис, да направам слични документи. Го замолив да скицира за мене како изгледаат тие документи, но тој ми одговори: „Не можам да скицирам за тебе, но ќе ти објаснам“. Наивно му поверував и ги направив тие документи, а две недели по интервјуто имаше еден куп новинари пред мојата куќа кои ме обвинија за фалсификување на банкарски извештаи. Кога беше спроведена истрага на Би-Би-Си, Башир ме обвини за сè и видов дека тој не сакаше да ја каже вистината. БиБиСи го прикри случајот и го спаси Башир, а јас бев жртвено јагне “, рече Вајслер.
Иако се шпекулираше дека Скотланд јард, исто така, ќе спроведе истрагата, нивниот портпарол негираше, а Башир не сакаше да се огласи овие денови и да потврди дека ја обвинил покојната принцеза за лагите што ги користел, пишува Мирор.