260
Медиумите ќе бидат едни од исклучоците за полицискиот час, рече министерката за одбрана и вицепремиерка, Рамила Шекеринска.
„Се бориме со лагите и дезинформациите. Единствената политика која може да ни биде успешна е да бидеме отворени, транспарентни и на располагање кога може да се одговорат прашањата. Не би било прифатливо после 21 часот да нема ниту разговори, ниту информации. Тоа може да ги влоши работите“, рече Шекеринска.
Таа истакна дека по завршување на главниот штаб, ќе има попрецизни информации кои лица ќе имаат дозвола да се движат за време на полицискиот час.