Нови докази покажуваат дека убиените руски новинариво Централноафриканската република минатата година биле жртва на добро планира напад во кое учествувал висок функционер на полицијата со руски врски, информира CNN.

Јасно е од информациите дека тројцата руски новинари биле следени откако пристигнале во африканската земја.

  Новинарите Кирил Радченко, Александар Расторгуев и Орхан Џемал пристигнале во ЦАР во јули 2018 година, за да ги испитаат активностите на руски платеници . Тие  подготвувале материјал за групата “Вагнер” – компанија која праќа руски платеници во жариштата како Сирија и Украина. Организацијата е опишана како Армија на Сенки во Москва. Новинарите се обиделе да воспостават контакти  а како наемници   во прибирањето на ресурси од африканската држава се вклулчени и локалци стрингери. 

Официјалното објаснување за смртта им е дека се биле на погрешно место во погрешно време , жртви на бандити или бунтовници. Ништо не е украдено од нивниот автомобил. Нивниот возач преживеал. Истрагата останува нецелосна.

Шест месеци подоцна има докази дека убиството е внимателно планирано . Отпечатоците на телефонски повици, видено од СНН, покажува дека на денот на убиството возачот на новинарите одржувал редовна комуникација со висок полициски функционер . Овој офицер пак ги следел  новинари со друг автомобил додека оделе на север од главниот град Банги.

Главниот дел  е дека  службеникот имал блиски контакти со руски платеници кои работат во земјата.  

 Михаил Ходорковски, критичар на Владимир Путин, на прес-конференција во Лондон изјави дека оние кои се вклучени во оваа трагедија треба да бидат испрашани и обвинети. Тој верува дека Москва треба да го стори тоа.

Центарот за управување со истрагите на Ходорковски  е тој кој им обезбеди информации на американските медиуми.