Новинарка добила закани на социјалните мрежи

од Nikola Popovski
114 прегледи

Полицијата соопшти дека новинарка пријавила дека добила закани на социјалните мрежи.

Во 1:30 часот денеска во Полициската станица Карпош 34-годишна скопјанка која била вработена како новинарка-истражувач пријавила дека на социјална мрежа добила закани од лажен профил.

-Денеска (03.11.) во 01.30 часот во Полициската станица Карпош, М.С.(34) од Скопје вработена како новинар – истражувач, пријавила дека на социјална мрежа и биле упатувани закани од лажен профил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Слични содржини