Новинарка го обвини Волтон за сексуално насилство

од Vlatko K
110 прегледи

Спортска новинарка го обвини новиот тренер на Сакраменто Кингс, Лук Волтон, за сексуално
насилство. Тренерот е обвинет за вознемирување од страна на поранешната водителка на ТВ
каналот „Spectrum SportsNet LA“ – Кели Тенант.

Според нејзиното сведочење, тренерот на НБА ја присилил во кревет и почнал да ја бакнува. Кели
Тенант тврди дека отишла во хотелската соба на стратегот, за да разговара за книга што ја
пишувала.

Наводниот инцидент се случи пред Лук Волтон да стане тренер на Лос Анџелес Лејкерс во 2016
година. Американските изданија не наведуваат точен датум. Според информациите, тој тогаш бил
член на штабот на Голден Стејт.

„Лос Анџелес тајмс“ информира дека адвокатот на наводната жртва одбил да каже дали таа го
пријавила во полиција.

НБА започна независна истрага за случајот.
Само пред неколку дена, 39-годишниот Лук Волтон беше официјално претставен како тренер на
Сакраменто. Неговиот договор е до крајот на сезоната 2022/23.