Новинарка која го преживеа нападот: Е.. ви молитвите

од desk2
120 прегледи

 

Само неколку часа по нападот на редакцијата Капитал Газета оние кои преживеаја даваа изјави за CNN и упатија јасна порака до американскиот претседател Доналд Трамп.

Фил Дејвис и Селена Сан Фелис во телефонско интервју за трагедијата која се случи минатата вечер и во која на брутален начин беа убиени пет нивни колеги, од маж кој влезе во просториите и почна да бика, се видно вознемирен, но и бесни.

Дејвис кој и сам претходно известувал за масовни пукања кои се се почеста појава во САД, прераскажа за своето ужасно искуство.

„Ќе ви кажам како пона се, значи, само заминувате во паничен мод“, веи тој и се сеќава како мислел: „Сите ли ќе умреме? Зарем овој нема да замине додека сите овде не се мртви?“

Водителот на CNN ја праша и Сан Фелисе како се држи, а таа вели: „Значи, гледав како некој умира, така што не сум баш најсјајно“.

„Дефинитивно би можело да ми е и полошо, но тешко ми е во моментот да гледа 30 минути понапред. Триесет минути се долги и просто – одговорот е дека не сум добро, во ред? Но, овде сум и разговарам со ва, и знам дека многумина слушаат“, додава таа.

„СЛушнав дека претседателот Трамп ни ги праќа своите молитви. Не се обидувам ова да го политизирам, во ред? Но, ни треба повеќе од молитва. Ги ценам молитвите. Се молев цело време под масата. Ги сакам вашите молитви, но сакам повеќе од молитва,“, вели новинарката која се осврна на вообичаеното сочувство од претседателот Трамп на Твитер.

„Ова ќе биде приказна колку долго? Помалку од една недела? Ќе ми треба многу повеќе од недела дена медиумско известување и некои мисли со молитви затоа што нашите животи се уништени. И затоа, фала ви на молитвите, но е.. ви молитвите ако нема ништо друго“, заклучува Сан Фелис.