Вилдана Селимбеговиќ, главна уредничка на дневниот весник од Сараево, „Oslobodjenje“ за хрватските медиуми прокоментирала дека лидерот на босанските Срби, Милорад Додик денеска не се заканувал само на новинар од тој медиум, туку на сите.
-Очигледно е дека ја губи својата позиција и продолжува да го ескалира конфликтот, вели таа.
-Со низа закони што ги објавува во Народното собрание, а денеска на ред дојде Уставот на РС, на кој опозицијата предупреди и помина со брутални навреди. Додик сака да ескалира, додала Селимбеговиќ.
Според нејзините зборови, ситуацијата во БиХ е алармантна.
„Од моментот кога Додик беше осуден, тој избира војна во самоодбрана. Во последните денови бевме сведоци на грди изјави и провокации. Другите политички актери се обидуваат да бидат рационални, а најголемиот товар го носи опозицијата во РС, која повикува на мир, додала новинарката.
НАТО преку соопштение најави дека е присутен во Босна и Херцеговина со своите партнери и нема да дозволи да настане безбедносен вакуум.
„Важно е да се знае дека во оваа ситуација нема да имаме ниту победници ниту поразени туку ќе имаме само губитници“, нагласила таа.
Селимбеговиќ рекла и дека клучното прашање за опстанокот на БиХ е почитувањето на институциите и законите.
„Додик иницираше низа чекори кон отцепување на РС и тоа го прави на терен. Ова не е политичка приказна, тој е осуден пред судот на БиХ. Тој сака нова војна. Тоа е јасно“, вели новинарката.