Новиот Alfa Romeo спортски модел чека одобрение за производство

од Vladimir Zorba

Пред Alfa Romeo да стане целосно електричен бренд подоцна оваа деценија, италијанската марка најверојатно ќе понуди спортски автомобил.

Во интервју за Autocar, директорот на овој производител на автомобили, Жан-Филип Импарато изјави дека спортскиот модел го делат само неколку месеци од одобрение за производство. Во идеално сценарио, јавното соопштение би можело да биде објавено веќе во март 2023 година. Британскиот магазин шпекулира дека тоа би можело да биде хиперавтомобил со шестцифрена цена.

Сепак, деталите за возилото се обвиени со мистерија. Изгледа малку веројатно дека матичната компанија на Alfa Romeo, Stellantis, ќе инвестира во нов мотор со внатрешно согорување со голема зафатнина за модел со ограничена употреба. Наместо тоа, би можел да се користи твин-турбо 2,9-литарскиот V6 од Giulia и Stelvio Quadrifoglio, а идеално би бил поставен зад седиштата.

Во седанот со ознака GTA, има 540 КС и 600 Nm вртежен момент. Не е јасно дали се уште има простор за поголема моќност и дали се размислува за додавање на електричен мотор. Се чинеше дека хибридниот погон е планот за несреќното оживување на 8C, но тоа беше пред неколку години.

Слични содржини