Новиот бран зема замав, зголемен процентот на заразени малолетници

од Берта Китинска
295 прегледи

Во вчерашната статистика беше  забележано дваесет и деветгодишно лице кое беше најмлад починат пациент од ковид-19 од вкупно 25 во изминатите 24 часа. Бројот на позитивни лица повторно надмина 1000.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4 отсто во однос на минатата недела. Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10 до 19 години, односно 33,1 отсто.

Процентот на позитивност се движи од 23,4 отсто до 32,3 отсто, просечно 27,9 отсто, што е за три отсто повеќе во споредба со минатата недела.Највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија).

Зголемен е и бројот на починати во однос неделата претходно. Пријавени се 158 смртни случаи од 27 градови, што е 22,5 отсто повеќе во однос на минатата недела.

На сила се уште е полицискиот час од 22-05 часот кој започна да важи од 10 март, а владата го продолжи до 6 апртил.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.

Слични содржини