„Новиот Иниеста“ пристигнува во Арсенал

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Арсенал го договорил своето прво јануарско засилување, пренесуваат англиските и шпанските медиуми.

Алберто Молеиро, играчот за врска на Лас Палмас, треба да дојде во Лондон. Момчето има 21 година и го викаат „Новиот Иниеста“.

Арсенал ја активираше откупната клаузула која за овој играч изнесува 60 милиони евра, а се треба да биде комплетирано веќе на почетокот на следната година.

Молеиро треба да ја зголеми конкуренцијата во нападот и во средниот ред, откако тимот од Лондон има многу проблеми со повреди.

Тој е производ на младинската академија на Лас Палмас, а претходно беше поврзуван и со трансфер во Ливерпул.

Слични содржини