Единствениот син на покојниот тајландски монарх Пумипон Адулјадет (Рама IX) и кралица Сирикит,го усвои предлогот да управува со земјата и седна на престолот во Тајланд. Новиот крал на Тајланд доби име и особено презиме, кое не може да се искаже.

Престолонаследникот на Тајланд беше прогласен за крал Новиот крал и ќе се вика Махал Вачиралонгкорн Бодинтхаратхеппхајаварангкун. Кралот Пумипон Адулјадет почина на 13 октомври на 88 години по долго боледување. Неговата смрт стави крај на 70-годишното управување, кое го претвори во фигура – симбол на единството на нацијата, пренесе OFFNews. Поради неговата смрт земјата е во жалост една година.