Новиот лидер на СДСМ најавува промени во раководството

од Берта Китинска
234 прегледи

Промени во раководството на СДСМ ќе има, но сепак ќе останат и дел од актуелните функционери, изјави новиот партиски лидер Димитар Ковачевски.

– Согласно со процедурите ќе имаме седница Централен одбор на која ќе ги информирам за разговорите со коалиционите партнери. Планирам да предложам неколку нови членови на ЦО и раководство на партијата кое ќе вклучува членови и на постојното, но и нови лица, изјави Ковачевски за ТВ24.

Заев изјави дека прво што ќе му порача на новиот лидер на СДСМ, Димитар Кочевски е да ги чува вредностите на партијата.

-Тоа се слободата, солидарноста, демократијата, еднаквста и да го чува демократскиот капацитет и потенцијал, затоа што преку оваа партија и е потребен на државата. СДСМ е една од најголемите државотворни партии кои што во сите овие 30 години незавиноста ја одигра својата државничка улога. Аманетот е да победува на следните избори, за да може и СДСМ и своите вредности да бидат уште повеќе имплементирани, рече Заев во изјава за ТВ 24.