Apple го претстави првиот значаен хардверски апдејт на MacBook Air во изминатите неколку години.Новиот уред нуди 13.3инчен Retina дисплеј со резолуција од 2560х1600 пиксели и сериознонамалени странични рамки.
Компанијатапродолжува со започнатото во последните лаптопи во однос на можностите за поврзување и се констатирани само два USB-C / Thunderbolt 3 порти, а освен тоа го укина слотот заSD картичка.Во горниот десен агол на тастатурата се наоѓа сензорот за отпечатоци Touch ID, кој работи со новиот чип T2, познат од минатогодишните MacBook Pro и iMac Pro.Чипот додава способности за активирање на гласот на Siri, како и шифрирање на информациите за дискот во реално време. Тастатурата има подобрен механизам што го прави потивок и помалку склон кон оштетување.Новиот лаптоп вклучува процесор Intel Core i5 од 8-та генерација, до 16GB RAM и до 1.5TB SSD меморија. Телото на уредот е направено од нова легура, направена од 100% рециклиран алуминиум.Подобрен е и тракпадот, кој има Force Touch технологија и е чувствителен на притисок. Новите модели од серијата MacBook Air ќе се нудат во златна, сребрена и сива боја и ќе се
продаваат од 7 ноември по цени од 1.199 долари во САД или 1.349 евра во Европа.
https://youtu.be/hs1HoLs4SD0