Новиот македонско-бугарски пристап ќе даде резултати, тврди Халили

од Nikola Popovski
245 прегледи

Поранешниот амбасадор во Данска, Мухамед Халили смета дека ваквиот нов пристап меѓу Македонија и Бугарија ќе даде резултати.

-Процесот да не застане на сред пат. Досега политичките лидери, особено претходниот бугарски премиер, беше пречка за развојот на добрососедските билатерални односи во соработката. Сепак, не можеме да имаме брзо решение. Ако не се создава клима на соработка, долго ќе чекаме до саканите резултати, вели Халили во емисијата „Трилинг“.

Во политики е можно, додава Халили, дека може повторно да извисиме како што претходно чекавме на влезот во НАТО и грчкото вето, но лично тој смета дека тоа сега нема да биде од причина што веќе имаме активен дијалог.

-Најмалку е што очекувам оваа Влада и ЕУ да ги почнат преговорите, тврди Халили.

Слични содржини