Младиот напаѓач на Рен, Матис Тел утрово пристигна во Минхен за да ги помине медицинските прегледи пред неговиот трансфер во локалниот клуб Баерн.
По нивното комплетирање, 17-годишниот напаѓач ќе потпише со Баварците до 2027 година.
Германскиот шампион при четвртиот обид успеа да го убеди Рен да го продаде својот талент, а според трансфер експертот Фабрицио Романо, клубот за него ќе плати 20+8,5 милиони евра.
Веќе синоќа Тел се прости од матичниот тим за кој на 10 официјални натпревари одигра само 79 минути.
Друг популарен новинар, Кристијан Фалк, напиша дека Баерн се борел за младинскиот репрезентативец на Франција во конкуренција на Реал Мадрид, Јувентус и Њукасл.
Mathys Tel, just landed in Munich in order to undergo final part of medical tests and the sign as new FC Bayern player. 🔴🛬 #FCBayern
Contract until June 2027, now ready.
🎥 @kessler_philipp @mano_bonkepic.twitter.com/D3rGmdu7H4— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 25, 2022