244
Премиерот Зоран Заев во петокот побара од СДСМ да се ефектуира неговата оставка на седница на Централниот одбор.
Заев очекува од вторник да го почне заминувањето од премиерската и претседателската функција во СДСМ.
„Моето искуство ми кажува, и јас посакувам новиот лидер на СДСМ да биде и претседател на владата. До 14 декември нема да стигнеме со избор на нова влада и нов мандатар на владата. Овој период СДСМ треба да го искористи да го избере својот претседател.Ако се успее во овој период, а верувам дека може да се успее, затоа што роковите се доволни за СДСМ да избере претседател, и верувам дека тој треба да биде новиот мандатар“ , рече Заев.